Македонија
29. January 2026 - 16:37

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата

СДСМ ќе поднесе закон со кој ќе бара миналната плата да се зголеми на 600 евра. Тоа ќе биде втор ваков закон кој опозицијата го поднесува во последните нешто помалку од 3 месеци. Најавата доаѓа по вчерашниот протест на синдикатите кои исто така побараа минималец од 600 евра. 

Филипче немаше точна информација кога овој закон би се нашол пред пратениците. Вели, ќе се консултира со синдикатите и по техничкото уредување, законот ќе влезе во собраниска процедура. 

Заедно со овој предлог, СДСМ ќе побара од Собранието да им ги замрзне и платите на функционерите. 

Премиерот ја разбира потребата за раст на платите, но вели, Владата не е адреса на која треба да пристигнуваат вакви барања 

Работодавачите веќе излегоа со став дека во овој момент не се подготвени да ги зголемат платите и побараа Владата да ги субвенционира придонесите. 

СДСМ и во октомври лани предложи зголемување на минималната плата но тогаш бараа минималец од 450 евра. 

Во моментов минималната плата е 24.400 денари. Евентуален нејзин раст на над 36.000 денари би било зголемување за околу 12.000 денари што е еднакво на вкупното зголемување на минималната плата во последните речи си 10 години. Најголем годишен раст минималната плата имала во 2022 кога пораснала за околу 3.000 денари во услови на годишна стапка на инфлација од преку 14%.