Loading Video...
Свет
1. February 2026 - 16:42

Преглед на вестите од светот

Вишиот суд во Белград им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух кај Крушевац.

Дрогата била набавена на територијата на Македонија во текот на минатиот месец. Истражни органи соопшти дека меѓу уапсените е и Иван Драгниќ ко-сопственик на компанија во Скопје, која е регистрирана   за производство   и преработка на медицински  канабис. Тој бил одговорен за транспортот на дрогата преку границата. Стоката била складирана во магацин во соспвеност на семесјтвото Спасојевик. 

Двајца членови од тоа семејство, татко и син добија притвор. Лицете кое е означено како главен органзаитор на групата е во бегство  и по него е рспишана меѓународна потерница.  Министерот  за внатрешни работи  на Србија Ивица Даќиќ изајви дека станува збор за најголемата заплената на наркотици во историјаат на Србија, чија вредност се проценува околу 50 мииони евра. Покрај огромното количествот дрога, полицијата пронашла и арсенал оружје, вклучувајки четири автоматски пушки и еден ракетен фрлач –зоља. 

Врховниот лидер на Иран испрати директна порака до ТРамп- Ако го нападнеш Иран, ке предивикаш регионална војна, бидејќи Соедиентите Држави  продолжуваат да ги зголемуваат своите сили во близина на Иран. .

- Но, иранската нација нема да биде заплашена од овие работи, иранскиот народ нема да биде вознемирен од овие закани. Тие не се плашат од фер конфронтација. Ние не сме иницијатори и не сакаме да нападнеме ниту една земја, но иранската нација ќе зададе силен удар врз секој што ќе ја нападне и малтретира.“ „Исто така, Американците треба да знаат дека ако започнат војна, овој пат тоа ќе биде регионална војна“.

Останува нејасно дали американскиот претседател ке употреби сила. Тој синока изјави дека во тек се преговри со ИРан за нукеларната програма додека  пак највисокиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани објави на Х,  дека работата на рамката за преговори со Соединетите држави напредува.

3500 згради во Киев се уште без греење на минусни температури 

3500 згради во Киев се уште немаат греење  по вчерашниот технички дефект во  електроенергетскиот систем на Украина.  

Речиси 3.500 згради во различни области се без греење. Градските власти, општинските служби и енергетските работници ветуваат дека ќе ја поправат состојбата со греењето колку што е можно повеќе до утре наутро. Но, темпото мора да биде побрзо. Што се однесува до водоснабдувањето во Киев: денес, водата треба да им биде достапна на сите потрошувачи во Киев. Според извештаите, така е, но проверуваме, многу внимателно., зиајви Зеленски. 

Русија деновиве се воздража од напади врз Украина  на инсиститање на ТРамп кој како  причина за неговоот баарње го наведе екстремниот студ во змејата. Кремљ  обајви  дека  паузата  завршува денеска. Инаку следната  рунда трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија е закажана за 4 и 5 февруари во Обединетите Арапски Емирати.