Сите работници не добиле К-15
Негативен рекорд поставија македонските работодавачи во однос на исплата или поточно неисплатата на регрес за годишен одмор за минатата 2025-та година, покажуваат податоците прибрани и доставени до „Гласен текстилец“. Во годините наназад некои работодавачи во реалниот сектор, со чест на исклучоците, исплаќаа по 100, 200, 500 или 1000 денари по основ К-15, а за ланицелосно ја исфрлиле оваа обврска кон своите вработени.
- Во 2025 година најголем дел од работодавачите се охрабрија да не исплатат воопшто К-15, што не е дозволиво согласно колективниот договор кој го имаат потпишано ССМ и Организацијата на работодавачи. Има и такви случаи, кога на пример работниците се стекнале со право на К-15, меѓутоа си дале отказ или слично и не им беше исплатено. Сега треба да се вршат и се прават веќе контроли од страна на државниот трудов инпсекторат, изјави Кристина Ампева, „Гласен текстилец“- Штип
За да се изигра Законот, а со тоа и работниците, фирмите треба да прикажат дека тековната година работеле со загуба. Симптоматично е тоа што секоја година идентични компании прикажуваат негативно салдо на своите сметки.
- Можеби се во загуба, а можеби не се, меѓутоа срамота е секоја година да се во загуба. Тие не можат да пријават загуба, бидејќи финансиските извештаи за 2025-та година треба да ги дсотава до УЈП, односно, треба да направат и спроведат завршна сметка до крајот на март и почетокот на април, така што не можат да знаат претходно дали се во загуба или не се, што значи дека прават и кривични дела, изјави Ампева
Најголем дел од работниците кои останаа без овие средства се од текстилниот сектор и вработени во агенциите за обезбедување или хигиенски услуги.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
