Преглед на вестите од светот
Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на речиси четиригодишната војна во Украина, објави Доналд Трамп.
- Решивме осум војни и мислам дека ќе... Мислам дека за прв пат се справуваме многу добро со Украина и Русија. Велам дека, знаете, правиме... Мислам дека можеби ќе имаме некои добри вести, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Изјавата на Трамп доаѓа ден пред втората рунда мировни преовори мегу САД, Украина и Русија во Абу Даби.
Првата ваква трилатерална средба мегу делегациите од Русија, Украина и САД се одржа во Абу Даби на 23 и 24 јанаури. Учесниците ги опишаа разговорите како констриквни и продуктивни, но повеќе детали не беа објавени.
Во окружниот суд во Осло почна судењето на Мариус Борг Хојби, најстариот син на норвешката крунска принцеза Мете Марит, кое се смета за едно од најголемите и најчуствителни судски процеси во Норвешка во последните години.Тој се соочува да со 38 обвиненија, вклучувајќи силување на четири жени, физички напад и закани против поранешна девојка, уништување на нејзиниот имот и прекршоци поврзано со дрога и сообраќај.
Судскиот процес се очекува да трае седум недели 29 годишниот Хојби е роден од врска пред Мете Мари да се омажи за принцот Хакон Магнус и официјално не е член на норевешкото кралско семејство.
Почетокот на судењето на Хојби доаѓа по само неколку дена откако во некои од докиментите што ги објави Американското министрство за правда поврзани со починатиот американскиот сексуален претсапик ЏЕфри Епстајн , откриваат дека дека Мете Марти се допишувала со Епстин од 2011 до 2014 година. Некои од документите сугерираат дека таа поминала четири дема во 2013 година во домот на Епстин во Палм Бич, Флорида, кога тој не бил таму.
Мојата проценка беше лоша и длабоко жалам пто некогаш имав како било контакт со Епстин.
Тоа е едноставно срамно, се вели во соопштението што кралската палата го објави вчера.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
