Македонија
6. February 2026 - 14:57

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила

На 05.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул. „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко возило  „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.