Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
Владата почнува дијалог со УНЕСКО на највисоко ниво.
Четири месеци пред годинешниот извештај на организацијата, министрите Николовски, Муцунски, Љутков и Хоџа, заедно со градоначалниците на Охрид и Струга ги презентираат активностите со кои државата се бори да го зачува статусот на Охридскиот регион како природно и културно наследство. На агендата се средби со генералниот директор и други високи претставници на УНЕСКО.
УНЕСКО минатата година не го стави Охридскиот регион на листата светски наследства во опасност, наместо тоа и даде рок на државата уште една година да се справи со претераната урбанизација и нелегалните градби.
Дека во градот владее целосен урбанистички хаос потврди и последниот извештај на државна ревизија за 2024-та.
Општината нема урбанистички планови за 20 населени места, не се превземаат мерки за отстранување на бесправно изградени објекти особено во заштитените подрачја, урбана опрема се поставува без дозволи и платени комунални такси, детектираа ревизорите, додека од општината тврдат дека постапуваат по нивните препораки за надминување на ваквите неправилности.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
