Преглед на вестите од светот
Пет деца на возраст од 12 и 13 години и 39 годишна настаставничка се убиени во вчерашното пукање во средното училиште Тамблер Риџ во гратчето Тамблер Риџ во канадската провинција Британска Колумбија соопшти полицијата. Го октри и идентитетет на убиецот Џеси Ван Рутселар-–роден како машко, но последните шест години живеел и се идентификувал како жена.
Убиецот е пронајден мртво во училишетото од самонанесена прострелна повреда. . Крвавиот поход почнал во семејниот дом , каде убиецот ги лишил од живот својата мајка и и својот 11 годишен полубрат. Властите соопштија дека имал сериозни проблеми со менталното здравје но мотивот за злострортсвото се уште не е познат, ниту како напаччаот дошол до двете огнени оружја пронадејни во училиштетот.
Премиерот на Канада Марк КАрни прогласи седумневна национална жалост и ја откажа европскаа турнеја.
Генералниот секретар на НАТО, Руте денеска од Брисел изјави дека Алијансата ке го брани секој дел од сојзуничката територијата и оти треба да го спречи приспатпот на Русија и Кина до арктичкиот регион.
Тој исткана дека НАТО вчера ја стартувал мисијаат Арктичка стража со цел да се утврдат и пополнат сите празници што постојат во безбедноста на Арктикот , потенцирајки дека безбедноста на САД и Европа и директно поврзана со контролата на овој дел од светот.
- Арктичка Стража ја користи силата на алијансата со тоа што ги обединува активностите на НАТО и сојузниците на високиот север во еден сеопфатен оперативен пристап кон регионот.“Првично, ќе се одржат вежби како „Арктичка издржливост“ на Данска и „Златен одговор“ на Норвешка. Активности што вклучуваат десетици илјади лица и опрема што им се потребни за успешно работење во арктички услови, јасно ставајќи ја на знаење нашата посветеност кон обезбедување на безбедноста на Арктикот, а всушност и безбедноста на целиот сојуз заедно, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
НАТО почна со планирање на мисијата откако Трамп и Руте одржаа разговори во Давос минатиот месец на врвот на кризата со Гренланд, предизвикана од инсистирањето на Трамп дека САД мора да ја поседуваат територијата, која е дел од сојузникот на НАТО, Данска. Руте и Трамп се согласија дека НАТО ќе игра поголема улога во заштитата на Арктикот, додека Данска, САД и Гренланд ќе водат понатамошни дискусии за Гренланд.
Зеленски бара секој мировен договор за ставање крај на војната во Украина да вклучува конкретен датум за пристапување на Украина во ЕУ. Во објава на Х, украинскиот птреседател река дека Украина „ќе направи сè што е можно за да биде подготвена за пристапување во ЕУ до 2027 година. Предупреди дека Доколку договорот, кој треба да го потпишат САД, Русија, Украина и Европа, не содржи конкретен датум за пристапување, Русија ќе стори сè што е во нејзина моќ да го блокира процесот . според Зеленски членството во ЕУ е безбедносна гаранција за Украина.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
