Македонија
12. February 2026 - 16:36

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата

18-годишникот кој на почетокот на јануари без возачка дозвола и со голема брзина во Капиштец прегази жена, па избега од државата, во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор, каде се чека постапката за негово враќање во државата.

„На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела Против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и Неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026. На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање“ вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР

Од тешките повреди, 79-годишната жена по ударот почина на скопските клиники, а истражните органи утврдија дека Саитов заедно со неговиот татко ја напуштил државата по што беше распишана меѓународна потреница.

Обвинение за помагање зараборија и двајца нивни роднини кои со својот автомобил ги пренеле Саитов и неговиот татко преку граничниот премин Табановце. Тие беа приведени веднаш по враќањето во Македонија, а на барањето на обвинителството им беше определена и мерка притвор.