Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Поради излевање на Вардар од синоќа воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар - село Чегране во село Форино. Сообраќајот се пренасочува од село Старо Чајле кон село Форино. Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка - Граничен премин Деве Баир, Граничен премин Делчево, Страцин и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опреа во возилата
МИА
Ново на Сител
-

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции
-

Мерц: Не можам да верувам дека на Минхенската конференција целата сала стана за Рубио
-

ЛШ: ПСЖ со пресврт победа над Монако, Реал го преживеа пеколот во Лисабон
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Не паркирајте под дрвја поради силен ветер, апелира „Паркови и зеленило“
-

Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови, апелирам на внимателност
-

Панчевски поднесе кривична до членовите на Советот на обвинители
-

Николоски: Први чекори кон директна авиолинија од Саудиска Арабија
