Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху

Американскиот државен секретар Марко Рубио планира да го посети Израел идната недела за да разговара со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, објави ДПА, повикувајќи се на информации од американскиот Стејт департмент.
Рубио ќе отпатува во Израел на 28 февруари. Сè уште нема информации за агендата на состанокот, наведува агенцијата.
Оваа посета доаѓа во услови на тековните преговори меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма, кои досега не дадоа никакви значајни резултати.
Минатата недела, Нетанјаху беше примен во Белата куќа од американскиот претседател Доналд Трамп. За време на состанокот, Трамп рече дека преговорите со Иран треба да продолжат за да се разбере дали е можен договор.
Израел постојано предупредуваше дека со Иран не треба да се склучува договор што се однесува само на нуклеарната програма на Исламската Република.
МИА
Ново на Сител
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
