Македонија
19. February 2026 - 13:59

Благајничка украла 212.000 денари од касата на скопска фирма

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.П.(35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 26/27.12.2025 на своето работно место како благајник во приватна фирма од Скопје, пријавената одзела дел од парите од касата, кои и биле доверени, при што се стекнала со противправна имотна корист од 212.000 денари.