Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
Неправилното отчукување на срцето е аларм веднаш да посетите лекар. Кардиолозите апелираат до граѓаните да не ги игнорираат симптомите на забрзан или прескокнат пулс а консултација со стручно лице може да превенира појава на мозочен удар.
-Нормален пулс е од 60 до 100 и треба да биде рамномерен да не биде аритмичен. Она што ние го споделуваме со нашите пациенти, е како да ги едуцираме како да го измерат пулсот, како да одредат колку е брз и што е најважно да одредат дали е ритмичен или аритмичен. Ако е аритмичен мора да се пријават кај својот матичен лекар и да алармираат за тие податоци, да се одреди дали им ааритмија и навреме да почне со терапија, вели доц. д-р Јане Талески, електрофизиолог од Клиника за кардиологија.
Отчукувањата на срцето над 120 во минута може но и не мора да биде ризик по здравјето. Но забрзан и неправилен пулс е знак за аритмија која доколку навремено биде откриена ќе значи спречување на сериозни компликации. Лекарите велат дека паметните уреди понекогаш не даваат точна бројка за пулсот а мерењето сами е многу поедноставно.
-показалецот и средниот прст се ставаат на внатрешната страна на зглобот веднаш над палесот. Се бројат отчукувањата за врерме од 15 секунди потоа се множат со 4 и се добива бројот на отчукувања во минута. Многу лесно, вели д-р Талески.
Статистиката покажува дека секое трето лице во светски рамки е во ризик од сериозна срцева аритмија.
Денеска за прв пат и Македонија го одбележува светскиот ден на пулсот
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
