Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
Два часа пред Ивана да посегне по нејзиниот и животот на нејзината ќерка скокајќи од балкон, полицијата интервенирала поради расправија со нејзиниот сопруг. Во разговор со полицијата таа потпишала белешка дека се разботело за недоразбирање и дека не и е потребна полиција.
Иако нејзиниот сопруг, Стојанче Јовановски и бил добро познат на полицијата, имало повеќе пријави за семејно насилство меѓутоа и десет кривични пријави за насилен криминал, кражби и дрога, полицијата си отишла, бидејќи немала видливи траги од насилство. Откако беа пронајдени мртви со нејзината ќерка, полицијата нашла видео како сопругот физички ја малтретира, запис кој според министерот Тошковски најверојатно е од истиот ден.
Министерот уверува дека по секоја пријава постапувала полицијата, но во сите наврати таа се откажувала од водење понатамошна постапка. Новите измени на кривичниот законик стапија на сила пред околу еден месец. Со нив полицијата може да го гони насилникот и ако жртвата се откаже од прогон. Полицијата вчера пред Ивана да си го одзеде животот можела по пријава да го уапси нејзиниот сопруг. Министерот прашан од кога полицијата ќе постапува по новиот закон, посочи дека денеска ќе испрател телеграма до сите полициски службеници.
Стојанче Јовановски, сопругот на починатата мајка и дете е во полициска станиоца под сомнение за три кривични дела, наведување на самоубиство, нанесување телесни повреди поврзани со семејно насилство и загрозување на сигурноста. Според полицијата и обвинителството, во моментот на трагичниот настан, Ивана со нејзината жерка биле сами во станот, а влезната врата била заклучена.
Од министерството за социјала направиле веднаш вондреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи каде што утврдиле дека починатата заедно со нејзиниот сопруг за прв пат дошле во социјално во октомври за постапување за развод. Но и таму имало пријава дека жената била малтретирана од сопругот.
Допис од МВР е примен и заведен во центарот на 02.02.2026, а се однесува за настан од 19.12.2025 за сторен прекршок против јавниот ред и мир односно физички напад на сопругот врз сопругата, известија од министерството.
Од Обвинителството соопштија дека сопругот не е пријавен за кривични дела на семејно насилство. Но против него има постапка од декември за неовластено пуштање во промет дрога.
Пронајдени 19 грама марихуана, 7 грама амфетамин во багажникот на неговиот автомобил. По предлог на надлежниот обвинител, ценејќи ги сите околности на предметот, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост кои се уште се на сила, велат од Обвинителството.
Отаму посочуваат дека во однос на постари постапки, поднесено е обвинение за насилство кон трето лице, заедно со други соучесници како и обвинение за напад врз службено лице заедно со сега починатата, без да посочат детали за што конкретно станува збор.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар
