Македонија
4. March 2026 - 16:31

60 проценти од населението во Македонија се со зголемена телесна тежина

Повеќе од половина од македонските граѓани се со зголемена телесна тежина.  Дебелината е болест со дијагноза, меѓутоа лекарите кај нас сеуште ги третираат последиците а не причината. Дијабет тип 2, слип апнеа, инфаркт и астма се само дел од повеќе од 200 коморбидитети поврзани со висок боди маст индекс. Овие загрижувачки податоци  беа кажани на денешниот светски ден на обезноста која треба да стане општествен а не индицидуален предизвик. Нема магична терапија доколку не се работи и на превенција. Директорот на Фондот за здравствено осигурување како една од мерките предлага воведување на данок на засладени сокови. 

- Мојот нов предлог е воведување на данок на засладени сокови. Односно на овие сокови да се плаќа дополнителен данок согласно количината на шеќерите во нив. Зошто, затоа што засладените сокови и џанк храната се едни од големите проблеми во контрола на тежината, вели Сашо Клековски – директор на Фонд за здравствено осигурување

-Менаџирањето на дебелината не е краткорочно и бара дополнителна соработка и мултидисциплинарен пристап. Ние во клиничка пракса често среќаваме пациенти кои велат ослабев и пак ги вратив килограмите и поради тој јо јо ефект треба мултидисциплинарен пристап, вели Проф. д-р Ирфан Ахмети – претседател на научно здружение за обезност

Ендокринолозите велат дека има лекови за дебелина кои се регистрирани, но не се на позитивната листа, но не секој треба да почне со апчиња. Во центарот за дебелина на Ендокринологија најтешкиот пациент кој побарал помош е 200 килограми. Лани, пак, на баријатрична хирургија биле подлежни 15 лица. Ефект ќе има само кога ќе се сменат и навиките.

- Означување на храната што ја има на равтовите за луѓето да знаат што купуваат. Тоа е многу важно. Не треба да станеме нутриционисти, всушност зелена, црна трака за колку шеќер, сол, енергија, вели Аким Али, претставник на СЗО во Македонија.

-Ена од промените што предлагам е секое утро да се мерите. Признавање на проблемот е прв чекор во решавање на проблемот, вели Клековски

Алармантни се и бројките од студијата на Европската иницијатица за следење на дебелината кај децата. Повеќе од 30 проценти од децата во земјата се со зголемена телесна тежина а , само 25 проценти секојдневно јадат овошје.. 

Денеска беше промовирана кампањата Круг на поддршка за тежината да стане полесна каде се повика на заедничка одговорност но и вистински промени за доброто на сите.