Македонија
11. March 2026 - 12:18

Малигните заболувања втора причина за смртност

Малигните заболувања втора најчеста причина за смртност веднаш после кардиоваскуларните заболувања.Кај машката популација карциномот на простата е застапен со 14,2 % или скоро еден милион и четиристотини илјади случаи  годишно во светот.

Доктор Митрески вели клучот, е во раната дијагноза, а раната дијагноза би била можна само преку скринингот.

Инаку, секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак.