„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
„Иднина која инспирира“. dm лансираше платформа која е создадена за поттикнување на општествениот ангажман и активно учество на поединците во обликување на заедничката иднина. На неа ќе се споделуваат инспиративни приказни, а организациите ќе можат да пријавуваат проекти кои нудат волонтерско ангажирање на граѓаните.
„Конкурсот е објавен на 31 јули. По завршување на конкурсот, жири комисијата ќе има можност да одберe најмалку три проекти коишто понатаму dm ќе помогне истите да бидат реализирани. Нашата поддршка може да биде во вид на производи, во форма на набавка на опрема, материјали коишто се потребни за реализација на проектот или со финансиска поддршка“, изјави за Сител Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm дрогерија маркети.
Во рамки на промоцијата на платформата се одржа и панел-дискусија, на која креатори на содржини споделија лични иницијативи што придонесуваат за подобрување на секојдневието на граѓаните.
„Јас веќе ја споделив мојата приказна на оваа платформа. Тоа е мојот волонтерски ангажман во згрижуваање на бездомни животни, на стерелизација, лекување и барање на сигурен дом“, раскажа Александра Пајдаковска, сектор за експанзија во dm и волонтер.
„Убаво е да се види дека имаш поддршка од луѓето, преку оваа платформа верувам дека ќе бидеме уште повидливи од она што сме“, додаде Андреј Рајатоски, волонтер
Настанот беше заокружен со волонтерски ангажман на гостите кои пакуваа кутии со производи од dm за донација во Кризен центар „Надеж“ и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Новата платформа „Иднина која инспирира“ е простор создаден за сите кои несебично го даруваат своето време и енергија за доброто на заедницата.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
