Преглед на вестите од светот
САД ја добија војната со Иран, но нападите засега нема да стивнат објави Трамп на митингот во Кентаки.
- Победивме. Знаете, никогаш не сакате да кажете прерано. Вие победивте. Ние победивме. Победивме во првиот час, заврши.“ Не сакаме да си одиме рано, нели? Мораме да ја завршиме работата, нели? Во текот на изминатите 11 дена, нашата војска практично го уништи Иран. Тешка земја. За време на, по „Полноќен чекан“, а потоа и кога си заминавме, сметавме дека тоа ќе биде нивниот крај за некое време, но тие повторно почнаа. Затоа мора да го завршиме, нели? Не сакаме да се враќаме на секои две години. Доналд Трамп, претседател на САД.
И додека Трамп најавува продолжување на воздушните напади врз Иран, товарот од неговата одука го носат сојузниците во регионот. ИРан одговори со жестоки удари , таргетирајки танкери , енергетски објекти и американски бази. Погодени неколку танкери во ирачките води и други бродови во близина на Ормутскиот тенсец , во Бахреин мета резервоарите за нафта и гориво во близина на меѓународниот аеродром а во Оман, противпожарните екипи сè уште работат на контролирање на пожарот во резервоарите за гориво од напад врз пристаништето Салала. Саудиска Арабија пресретнува дронови над нафтените постројки. Израелската војска соопшти дека од утрово спроведува нов бран напади врз Иран а мети се инфраструктурата на иранскиот режим низ целата земја. Револуцинерната гарда возвраќа со ракети кон воени цели во Тел Авив и Ерусалим додека претдателот Масуд Пезешкијан на х ги објави условите за крај на војната- да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква било идна агресија. Израелската армија паралелно напаѓа и цели на Хезболах во Либан.
-Му штети на Либан и ние ќе продолжиме да го напаѓаме сè додека не се разоружа. Како што рековме и како што неколку пати рече началникот на Генералштабот, ќе инсистираме на барањето Хезболах да се разоружа и ќе продолжиме да се бориме сè додека тоа не се случи, дури и ако трае долго време.“Ефи ДЕфрин, портпарол на израелската армија.
Либанското министерството за одбрана соопшти дека во израелските воздушни удари во Бејрут утрово биле погодени и делови кои не под контрола на Хезболах при што загинале осум цивили.
- Ние сме против ескалацијата. Не сакаме војна, сакаме мир. Сакаме нашите деца да живеат во оваа земја и да ја обезбедат својата иднина во оваа земја, за да можат да живеат. Војната не води никаде освен кон уништување, пустошење и смрт. Не сакаме војна; сакаме мир. Нека најдат решение веќе и нека го завршат ова, бидејќи луѓето се исцрпени и истрошени.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
