Македонија
12. March 2026 - 21:08

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички

Градот Скопје обезбеди три милиони евра за изградба на катни гаражи во Клиничкиот центар.

Денеска се усвои ребалансот на буџетот, а во наредните две недели ќе се објави и јавен повик за гаражите кои би требало да обезбедат 500 нови паркинг места, во едно од најхаотичните и фрекфентни локации во Скопје, каде што секојдневно на пациентите и вработените им е проблем да пристапат со возило. 

Парите како што објаснува градоначалникот не се од задолжување, ниту од кратење на инвестиции, туку од тоа што градот Скопје домаќински работел и заштедил пари. Цените на паркингот ќе останат исти. 

Според најавите, катните гаражи би требало да профунционираат следната година. Договорот е склучен на 15 години, а градот Скопје на државата ќе и плажа закупнина од 10% од вкупниот промет. Паркингот на Клинички е долгогодиштен проблем, за кој институциите не можеа да најдат решение.