Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
Земјоделците и сточарите од Карбинско на средба со директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, побараа итна исплата на заостанатите субвенции. Посочија и на низа проблеми при откупот на јагнето, законската обврска половина да се предаваат во овластени кланици во Македонија, а дел од јагнињата недостасуваат во евиденција.
- Гледаме дека од страна на директорката има интерес да не исплатат нас, но бараме и од министерството да ја поддржат и да биде исплатата што побргу. Ако нема исплата после 20 ти март, ние сме организирани да излеземе на прoтест. До „ѕидот“ сме и нема назад, изјави Насер Џемаили, претседател на Асоцијација на сточари.
Директорката Даниела Иротова-Лазарова истакна дека затекнале неисплатени обврски на државата кон сточарите за 2023-та и 2024-та, а за 2025-та се во процес на обработка.
- Се обидуваме во рамки на можностите на буџетот кои што го имаме да ги исплатиме сите пред се заостанати обврски, со тоа што сега за сега само еден месец, 30 дена кои што во овој период исплативме 1 милијарда и 400 000 денари заостанати обврски и во трезор имаме доставено уште 540 милиони денари, кои што може и дел од нив можат да се исплатат до крајот на месецот. Продолжуваме со динамиката како што ги исплативме овоштарите и лозарите за Св. Трифун, изјави Даниела Иротова-Лазарова, директорка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Сточарите се пожалија и на ниската откупна цена на живото јагне. Според нив, минималната цена за рентабилно сточарство треба да изнесува 300 денари за килограм јагнешко жива мера.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
