Македонија
14. March 2026 - 16:41

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра

Минималец од 600 евра и линерано зголемување на сите останати плати за 100 евра. Ова се барањата на Синдикатот, кој повторно излезе на улица да ги пренесе пораките од работниците. Прво на пратениците.

-Овде сте дека народот ве избра, истиот на кој одбивте да им ги зголемите платите.

-Се исплашија и денеска, ама ги бетонираа нивните плати на 79% на штета на вас работниците. Овие внатре (пратениците) се против вашите плати. Против зголемување на минималната плата и против зголемување на работничките плати. Истите што се внатре сложно гласаа да ги зачуваат нивните над 100.000 денари плати кои не ги заслужуваат, а ние им ги овозможуваме“, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Од законодавниот дом, протестот продолжи пред Бизнис Коморите. Оние кои одбиваат да ги зголемат работничките плати и кои дозволија масовно иселување на младите..Оние кои се луксузираат на грбот на работниците, велат од сидникатот.

Последната дестинација беше Владата. На министрите и функционерите им порачаа: Не ги сакаме вашите функции и фотељи - сакаме достоинствени плати.

Законското усогалсување на минамалната плата за 1,665 денари, за ССМ е неприфатливо. Ако не порасната платите, останува 24 часовниот генерален штрајк, кој ќе го опфати и приватниот сектор.