Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
45 минути после пожарот во кочанската дискотека “Пулс” во штипската болница почнале да пристигнуваат првите повредени. Тоа кобно утро во оваа установа имале 130 пациенти од големата трагедија, 50-тина од нив биле во тешка состојба.
По првичната стабилизација најпрвин полеено,а потоа и пациенти во животнозагозувачка состојба се транспортирале за понатамошен третман на Клинички, во Гоб 8 ми септември и во Стара Градска.
Поради сериозноста на повредите капацитетите на одеделите за интензивно лекување во болниците во Скопје веќе биле наполнети, а состојбата на дел од пациентите почнала да се влошува. Неопходна била потребата за транспорт и понатамошно лекување во странски медицински центри, најпрвин во соседните држави Грција, Србија и Бугарија.
Првиот пациент е префрлен во Солун, во болницата Папаниколау во 12.30, 10 часа по несреќата. Таму лекувале вкупно 3 ца наши млади со сериозни изгореници.
Најмногу вкупно 30 повредени беа примени на лекување во неколку здравствени установи во Србија, а повеќето сместени во Клиничкиот Центар во Белград.
Во третманот и рехабилитацијата на повеќе од 200 повредени во дискотеката “Пулс” учествувале повеќе од 400 здравствени работници во Македонија. Меѓу нив и директорката на Клиниката за пластична хирургија, која со многу емоции говореше за повредените бидејќи дел од нив се уште ги третираат.
Ден после големата трагедија почина и Иле Гоцевски, возач на Брза помош кој повеќе пати со амбулантно возило превезувал повредени во кочанската дискотека.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
