91 сообраќаен прекршок во Скопје, одземени мотоцикли, поднесени седум кривични пријави за безобѕирно управување

Вчера (15.03.2026) во периодот од 11:00 до 20:00 часот на подрачје на Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир при СВР Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај заедно со Одделението за
сообраќајно ескортно обезбедување спроведе зајакната акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и моторцикли при што изречени се 91 мерка.
Од нив седум се кривични пријави за безобѕирно управување со моторно возило, од кои шест се за возење без возачка дозвола и една за управување возило под дејство на алкохол повеќе од 1,50 промили, од кои три кривични пријави се против малолетни лица.
Изречени се 17 мерки за управување на возило во несоодветна категорија, 13 санкции за возач кој управува велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 43 мерки за возење без заштитен шлем (кацига), три санкции за нерегистрирани мотоцикли, една мерка за возач кој управува мотоцикл под дејство на алкохол и седум мерки за други прекршоци.
За време на акциската контрола одземени се еден мотоцикл за безобзирно управување со возило и привремено одземени се два мотоцикли нерегистрирани повеќе од шест месеци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта низ државата.
Ново на Сител
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
