Преглед на вестите од светот
Американската амбасада во Ирак, која се наоѓа во Зелената зона во Багдад, беше нападната рано утрово, а објектите во комплексот се запалија. Според извор од Министерството за внатрешни работи, кој побара анонимност, две беспилотни летала со стапици слетале во периметарот на амбасадата, а последователните експлозии предизвикале пожар видлив однадвор од комплексот.
Нема извештаи за жртви. Американската амбасада во Ирак беше подложена на најмалку пет рунди напади од понеделник вечерта до раните часови во вторник.
Генералниот орган за цивилно воздухопловство на Обединетите Арапски Емирати денеска објави привремено и целосно затворање на воздушниот простор на земјата, како „исклучителна мерка на претпазливост“. Министерството за одбрана на ОАЕ претходно во вторник соопшти дека реагира на дојдовните закани со ракети и беспилотни летала од Иран.
Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека ќе ги нападне американските индустриски објекти на Блискиот Исток и ги повика луѓето што живеат во близина на фабриките во сопственост на САД да ги напуштат.
Министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи го потврди ставот на својата земја:
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно побара од сојузниците да помогнат во деблокирање на Ормуски Теснец, при тоа критикувајќи ги дека „не биле воодушевени да помогнат“.
Неколку сојузници на САД изјавија дека не планираат да испратат бродови за да помогнат во деблокирањето на Ормускиот Теснец.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна работи и безбедност Каја Калас изјави дека Европа не е вклучена во војната во Иран, оти тоа не е војна на Европа, но оти во залог се европските интереси.
Таа посочи дека на средбата се разговарало како Ормускиот теснец да остане отворен за пловидба. На состанокот во Брисел се разговарало и за одлуката на САД за привремена суспензија на санкциите за руската нафта.
ЕУ ги задржува своите санкции. Ако сакаме војната во Украина да заврши, Москва мора да има помалку, а не повеќе пари за водење војна, изјави Калас.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
