Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
Гаранција за поголеми плати, дисциплински постапки по јасни критериуми и во одреден рок, кои нема да бидат злоупотребени за притисок врз обвинителите, државен јавен обвинител со менаџерски способности, но и поактивна улога на обвинителите, со користење бази на податоци и соработка со свои колеги од странство... Експертите и фелата денеска, на јавна расправа во Собранието, го коментираа новиот предлог-закон за јавно обвинителство.
Според обвинителите, најбитно им е да имаат достоинствен материјален статус како гаранција за независност.
Адвокатската фела, пак, ги поздрави новите критериуми за избор на државен обвинител, кои би гарантирале зголемување на довербата од само 2 отсто.
Од работната група, која го подготвувала законот, велат дека особено внимавале на ефикасни дисциплински постапки за лошите обвинители.
Професорите и експертите со свои предлози за подобрување на состојбите во обвинителството.
Новиот закон за обвинителство е дел од реформската агенда. Пратениците до вечер ќе можат да поднесуваат и амандмани. Планот е да биде донесен до крајот на месецот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
