Кубанскиот претседател возврати на забелешките на Трамп за „преземање“ на островот

Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можно преземање на контролата врз Куба.
Трамп во понеделникот пред новинарите рече дека „ќе има чест да ја преземе Куба“.
„Верувам дека ќе имам... чест да ја преземам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече тој при потпишување извршна наредба во Белата куќа.
Дијас-Канел вчера посочи дека САД ќе се соочат со „непоколеблив отпор“ доколку се обидат да ја преземат земјата.
Во објава на платформата „Икс“ кубанскиот претседател наведе дека САД речиси секојдневно јавно се закануваат со насилно уривање на уставното уредување на Куба.
„Тоа е единствениот начин да се објасни жестината на економска војна како колективна казна против целиот народ“, напиша тој.
Трамп изминатите неколку седмици во неколку наврати посочуваше дека Куба е на работ на колапс. Под негова управа Вашингтон го зголеми економскиот притисок врз островската држава, со цел да го прекине приливот средства од странство како и нафта.
Притисокот се засили по операцијата на САД во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро. Тоа ја лиши Хавана од еден од најважните сојузници, од каде обезбедуваше нафта независно децениското економско и трговско ембарго наметнато од САД.
Во моментов, Куба се соочува со една од најтешките економски кризи од револуцијата предводена од Фидел Кастро во 1959 година.
МИА
Ново на Сител
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
-

Николоски: На Македонија очајно ѝ е потребна правда, Ненад Савески е професионалец, без ниту една дамка во кариерата
-

Метеор од седум тони прелета и експлодираше над САД
