Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
Македонските закони се усоглауваат со европскикте но реалноста на терен останува заробена во партиски мрежи. Политиколошката анализа на младиот македонски истражувач Добре Угренов открива зошто и покрај меѓународната помош напредокот кон ЕУ е само на хартија. Проблемот не е само во поединци туку во длабоко вкоренети структури каде лојалноста е поважна од способноста.
Неговото истражување е направено за магистерски труд на лондонскиот универзитет Мидлсекс кое јасно дијагностицира дека клиентелизмот станал правило а професионалноста исклучок. Мотивот на Добре за ваква сеопфатна анализа била кочанската трагедија која одзеде 63 млади животи.
Во потрага по одговори, Угренов во истражувањето вклучува десетици домашни и странски експерти, амбасадори и европратеници. Заклучокот вели е поразителен корупцијата не е апстрактна туку е системски феномен.
Угренов е роден во Швајцарија, но со силна желба својата иднина да ја гради во Македонија. Излезот го гледа во мобилизација на младите и образовани кадри кои преку европските фондови и активен политички ангажман ќе ги сменат правилата. Неговата порака е јасна за кредибилна ЕУ перспектива, не се потребни само нови закони, туку радикално менување на свеста.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
