Кривична за поранешен директор на ЈП Комуналец во Струмица, 47 пати ја злоупотребил службената положба

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во 47 наврати сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ - Струмица, во текот на 2022 и 2023 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своите службени овластувања и постапил спротивно на Законот за работни односи.
Тој, повикувајќи се на Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците во ЈП „Комуналец“ – Струмица, донесувал одлуки за исплата на паричен надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие.
Притоа, во 2022 година по тој основ за него и за 24 други лица од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 593.259 денари, додека пак во 2023 година за него и за 21 друго вработено лице по тој основ од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 502.179 денари.
Со таквите дејствија пријавениот го оштетил буџетот на јавното претпријатие за вкупен нето износ од 1.095.438 денари.
Ново на Сител
-

Зеленски: САД сигнализираат продолжување на мировните преговори
-

Израел и Иран ги засилија меѓусебните напади врз стратешката инфраструктура во 20-иот ден од војната
-

Трамп: Нема нови американски трупи на Блискиот Исток, војната со Иран е при крај
-

Оман: САД беа „вовлечени“ во војната со Иран и покрај шансата за договор
-

Ердоган: Спиралата на насилство на Блискиот Исток мора итно да запре
-

Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот
-

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром
-

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток и нуди европска помош
