Македонија
20. March 2026 - 16:33

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”

Намален број на интервенции на сообраќајни несреќи бележат во скопската Брза помош со воведувањето на системот “Безбеден град“.

Од службата велат дека последните месец и половина контатирале дека и кај лицата кои имале сообраќајќи во централното градско подрачје повредите биле полесни, што не било случај во приградските населби  и улиците кои не се покриени со камери преку системот бидејќи на овие места се некои возачи се уште претеруваат со брзината.

-И бројот ан интервенции и обемот на повредите е доста намален. И повредите се многу полесни во однос на изминатите години. Меѓутоа не можеме тоа да го кажеме во приградските наслеби и местата каде нема камерии не можат да се евидентираат, изјави д-р Александра Пејовска, шеф на смена во Брза помош – Скопје.

Помалку тешко повредени пациенти со политрауми изминатиот период се згрижени и на КАРИЛ.

-Навистина мој личен впечаток дека имаме помалку политрауми или тие политрауми се полесни. За среќа тој проект си ги даде очекуваните резултати, изјави проф. д-р Андријан Карталов, специјалист на КАРИЛ.

И статистиката на МВР со официјaлниот почеток на “Безбеден град” бележи намалување на бројот на прекршоци, што не беше случај во пробниот период каде само првиот ден во декемри беа регистрирани  дури 110.000 сообраќајни прекршоци, најголем дел за брзо возење.

-Во периодот од 02 февруари до 18 март 2026 година, од страна на системот „Безбеден град“, на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 33.201 прекршоци. За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 31.726 сообраќајни прекршоци.