Македонија
21. March 2026 - 16:32

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа

Емотивната приказна што никого не остава рамнодушен за првиот роденден на мајмунот од загрозениот вид гибон во скопската зоолошка градина заврши со инцидент. Наместо да се одбележи животната победа на Малиот Мики кој бил отфрлен од мајката, подароците наменети за грижа на мајмунот биде украдени од посетителите.

Случајот предизвика реакции во јавноста, откако  негователите јавно објавија за немилата случка.

Ваквото однесување на посетителите се потврда дека воопшто не се почитуваат правилата на однесување, реагираат од скопската зоолошка. Апелите на негователите кои постојано повикуваат да не се вознемируваат животните, ниту да се фрла храна остануваат неслушнати.

Приказната на гибончето Мики од скопската зоолошка , многу наликува на мајмунчето Панч од Јапонија која стана вирална по отфрлањето на мајката. Само неколку месеци по раѓањето, Мики бил отфрлен од мајката и се соочил со тешки повреди на главата и епилептични напади.

Зоонегователката Зера е неговиот херој кој со несебична љубов и деноноќна грижа му помогнала во лекувањето, рехабилитацијата и социјализација. Денеска Мики живее со неговата тригодишна сестра Делфина, која исто така била отфрлена од мајката.