Loading Video...
Свет
21. March 2026 - 16:34

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади

САД привремено ги олеснија санкциите за иранската нафта што веќе е натоварена на бродови и се наоѓа на море, со цел да се ублажи недостигот на понуда по прекините во Ормутскиот теснец.

Американското Министерство за финансии издаде општа лиценца со важност од 30 дена, која дозволува испорака и продажба на иранска сурова нафта и нафтени деривати што биле натоварени до вчера, како и неопходни услуги за безбедно впловување, закотвување, поправки и заштита на екипажот.

Вашингтон нагласи дека мерката е краткорочна и се однесува само на нафта што веќе е во транспорт, без да се дозволат нови купувања или ново производство.

Одлуката на Трамп Иран ја нарече психолошки трик. Портпаролот на иранското министерство за нафта рече дека Иран нема полни танкери на отворено море, коментирајќи дека целта на американската администрација е да ги охрабри купувачите и да влијае на расположението на пазарот.

А таму, барел нафта од типот Брент се уште се движи над 112 долари. Во услови на супер нестабилност цената во изминатата недела се движеше меѓу 100 и речи си 120 долари во одредени пикови.

Но голем дел од надежта дека низ теснецот набрзо ќе почне да се движи нафта исчезнува заедно со изјавата на израелскиот министер за одбрана кој најавува уште поинтензивни напади.

Во меѓувреме двете страни продолжуваат со размена на дронови и балистички ракети. САД и Иразел стрелаат на цели во Иран додека официјален Техеран возвраќа со напади во кои користи и касетни бомби против цели во Израел но и американски бази во државите распоредени на Блискиот Исток.

Според податоците објавени досега, од почетокот на војната на крајот од минатиот месец, загинале повеќе од 2000 луѓе.