Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
Во мај или јуни ќе се знае кој министер ќе ја напушти позицијата во влада, а кој ќе биде ротиран во друг ресор – премиерот Мицкоски ја потврди владината реконструкција, но за сите одлуки колицијата заеднички ќе одлучува. Без да споменува конкретни имиња, Мицкоски тврди дека конечната одлука ќе се договара на маса.
Мицкоски не одговори дали актуелниот министер за труд и социјала Лимани е еден од оние кои заминуваат од функцијата, особено по кавгите во БЕСА и објавената заедничка фотографија со Али Ахмети. Од Лимани не е задоволна ниту неговата матична партија, што дополнително ги подрева шпекулациите за негова смена.
Премиерот децидно ја отфрли можноста за влез на Зијадин Села во влада, велејќи дека нема место за нови коалициони партнери.
По превирањата во ВРЕДИ и најавите за претопувањата во една партија, најголеми промени се очекуваат во албанскиот владин партнер.
Иако потврда се уште нема, се погласни се и информациите за промена на министерските имиња предложени и од ЗНАМ. Смени и ротации најверојатно ќе има и во редовите на владејачката партија, но конечната одлука ќе ја носи Мицкоски како мандатар.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
