Македонија
23. March 2026 - 16:45

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР

Злоупотреби кај секое 5 –то боледување во МВР, констатирал ФЗО. Неправилности се утрдени кај 100 од контролирани 514 боледувања. Матични лекари и специјалисти издавалале ваков документ без направен рендген и други дијагностички процедури. Со вакви не целосни  испитувања за поставување на дијагноза вкупно 29 лица вработени во полицијатa многу често отсуствувале од работа. Поради грешки во постапката ФЗО казни 29 матични лекари од кои двајца гинеколози, 3 сцецијалисти и 2 првостепени комисии. 

- Вкупната казна изнесува 1,2 милион денари за овие приватни и јавни здравствени установи, кои беа опфатени со контролата. Најчесто, се работи за неисполнување задолжителни дијагностички постапки за издавање боледување, чисто како илустрација: ако е лумбаго, треба да има рендген-снимка за да се потврди дека е лумбаго, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО.

Освен во МВР, од Фондот информираат дека повеќе нецелосни боледувања имало и во АРМ, Царината и јавното здравство. Најголеми злоупотреби се правеле со кратките “испрекинати” боледувања кои од 7 до 15 дена кои се под “Мој Термин”, а тие лица многу често менувале матични лекари бидејќи во дел овие служби вклучително и во полицијата и кратките боледувања се исплаќале 100 отсто на плата. Затоа од ФЗО најавија промени во правилата за боледување и воведување на интегриран систем за поголема контрола.

- Неопходен е интегриран систем на боледувањата за да знаат колку боледувања има во земјата бидејќи оние што се до 15 дена се регистрирани само во „Мој термин“ и Фондот нема пристап, а оние што се над 30 дена ги имаат затоа што ги исплаќаат, рече Клековски.

Бидејќи кратките боледувања се под “Мој термин”, а долгите над 30 дена се во надлежност на  ФЗО досега државата нема увид колкав е процентот на користени боледувања, кој во Европа се движи од 2 до 5 проценти од вкупното работно време.