Македонија
24. March 2026 - 12:18

УГД во мисија, европско образование без граници

УГД деновиве е епицентар на можности за стидентите и професорите од 9 партнерски универзитети од Европа. Над 80 претставници на Алијансата се обидените во една заедничка мисија, поквалитетно образование и поголема мобилност. 

- Веќе паралелно се работат неколку заеднички студиски програми во областа на фармацијата, здравството, како и во техничките струки, пред се во областа на вештачката интелигенција и инженерство на животна средина, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.

Амбициите на Алијансата се големи. Универзитетската професорка Витана Вичење од Литванија вели дека целта е да се достигнат околу 9.000 мобилности, бројка што значи илјадници нови искуства, знаења и можности за студентите и академскиот кадар.

- За студентите и професорите, вработените, претставува предизвик, но и интерес и задоволство кога одат во други земји, изучуваат нови работи, нови култури, нови искуства. Едноставно, се запознаваат еден со друг, така што мултилингвизмот, мултикултурализмот, трансдисциплинарноста, се оние теми и тематики кои превладуваат во рамки на Алијансата, изјави Витана Вичење, професорка на Универзитет во Литванија.

Во центарот на вниманието се студентите, а ова е простор каде што гласот на младите навистина се слуша. 

- Овде имаме простор да ги споделиме сите негативни и позитивни искуства кои произлегуваат од мобилностите. Имаме простор и можност да ги итакнеме нашите видувања за она што е Алијансата, за нашиот начин како ние да учествуваме во нобилностите, но и како да ги зголемиме нашите компетенции и нашите вештини, изјави Соња Манкалијано, член на студентско тело на Алијансата.

И покрај разликите, универзитетите делат заеднички вредности и сличен пристап, што е силна основа за уште подлабока соработка во иднина. Овој настан е чекор напред кон европско образование без граници, каде младите не само што учат, туку и активно ја креираат својата иднина.