Македонија
24. March 2026 - 16:33

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени

Без да се отвори македонскиот Устав, не може да се воведе уставната тужба со која наместо во Стразбур граѓаните ќе можат дома се пожалат ако институциите ги повредиле нивните права. Уставните судии повторно ја отворија дебатата за воведување на уставната тужба , но бараат и специјален закон кој ќе ја регилира нивната работа и самостојност.

Ниту за владата нема дилема дека уставната тужба треба да биде воведена, но премиерот вели дека нема отворање на македонскиот Устав додека не се создадат политички услови за тоа.

Механизмот на уставната тужба е дел од системите на повеќе земји членки на ЕУ потврди евроамбасадорот Рокас. Според него, важно е луѓето да имаат исти права и пристап до уставна правда.

Според анализата на ОБСЕ, во последните 10 години повеќе од 1000 граѓански тужби за повреда на човековите права од Македонија стигнале на адреса на судот во Стразбур. Македонскиот уставен суд е единствен во регионот кој нема специјален закон.