Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
Девет ректори од Алијансата на европските универзитети се состанаа на УГД, со цел формирање заеднички правен субјект, со седиште во Брисел. Оваа иницијатива е финансиски поддржана од ЕК, а ќе овозможи Алијансата да има формална структура за полесно носење на одлуки, да се дефинираат надлежностите и да се координираат активностите помеѓу универзитетите.
- Ги разговараме оперативните организациони активности, околу формирањето на заедничкото правно лице, односно дефинирање на статутот на тоа правно лице, до потпишување на договорите за формирање на правното лице, како и придружните документи од аспект на лични податоци, заштита на личните податоци, органиација на сите активности, кои што се потребни за да се реализира и профункционира правното лице во иднина, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.
Ректорите од Литванија и Полска нагласуваат дека ваквите алијанси нудат додадена вредност, како полесен пристап до европските фондови, што значи и повеќе финансии и поефикасно користење на ресурсите.
- Преку конструрирање на овој заеднички ентитет ние даваме кохезија, ги сплотуваме нашите ресурси, се со цел да направиме нешто повеќе и што ќе виде позначајно во рамките на високото образование, изјави Лина Герецкена, ректор од Литванија.
- Нашите идеи и цели се ова зближување помеѓу универзитетите да го направиме трајно, да добие трајна вредност. Се разбира, не може да биде бесконечно, но се обидуваме да ги сплотиме сите наши сили, за да го направиме оддржлив, а преку конституирањето и основањето на телото во Брисел, да се обидеме да го одржиме ова здружување, изјави Михаил Маркушевски, ректор на Медицинскиот факултет во Гдањск, Полска.
Најголем бенефит за студентите е креирањето на заеднички студиски програми, особено мастер и докторски, а студентите можат да добијат заедничка или двојна диплома призната во повеќе држави.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
