Села ќе формира нова партија
Зијадин Села се подготвува за резервна опција – нова политичка партија, доколку не успеее да ја поврати Алијанса за Албанците од Таравари кој минатата недела ги доби печатите за партијата од тетовскиот суд. Села, во интервју за Лајм, вели дека резервата е партијата Албански сојуз.
-Луѓето што се дел од оваа политичка групација имаат идеали, се вистините и ќе продлжат заедно да градат една цврста политичка структура.... Не оставам на случајноста, јас сум ја создал таа нова политичка партија. Веќе е формирана и се вика Албански сојуз, има црвено-црни бои и нема да се откажеме од оваа работа. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзината кауза имаат свое продолжение – вели Села.
Сепак, Села не се откажува и од Алијанса. Според информациите на Сител тој веќе вчера поднел жалба во Апелација на одлуката на тетовскиот суд од 18 март дека легитимен лидер на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари.
Според извори од крилото на Села, Албански сојуз е реактивирана партија уште лани во август, пред локалните избори. Тогаш Села влезе во коалицијата АКИ на ДУИ, но за да може да учествува во неа како легитимен субјект била искористена оваа партија, иако тој не се води како лидер во неа.
Албански сојуз, како партија се споменуваше уште во 2010 година. Неа ја формираше Ваљон Беља, кој зазема радикални ставвови за кантонизација на Македонија. Беља, една година подоцна ја спои партија со ДПА на Мендух Тачи во која тогаш функцинер беше и Села.
По расколот на ДПА, Села во 2015 година ја формираше Алијанса, но лани пак, настана раскол и меѓу Села и новиот лидер на партијата - Таравари.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
