Трајанов: Во Македонија има 102 лица повратници од ИСИС, влијанието на Исламска држава е мало
Влијанието на Исламската држава во Македонија е многу мало, тврди националниот координатор за спречување на насилен екстремизам.
Во земјава во моментов има 102 повратници од воените жаришта во Сирија и Ирак чии активности институциите ги следат. Во однос на актуелените состојби на Блискиот Исток, Трајанов вели дека предизвици има но тие во моментов повеќе се економски. Безбедносната состојба е мирна и стабилна, но постојано се следи.
„Градење на инклузивни и отпорни заедници“ е проектот на кој изманитите 5 години работи и Македонското здружение на млади правници. И нивните анализи изманитите години покажале дека постојат радикални појави кои укажуваат на одредени безбедносни ризици.
-Проектот покажа дека неопходно е институцииите да соработуваа со невладиниот сектор, системот за превензија треба да се надградува, а потребно е и подобрување на законската рамка, вели Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, проектен менаџер, МЗМП.
За поефикасна борба против тероризмот,Владата наскоро треба да го усвои и патоказот кој е подготвен врз основа на акцискиот план на ЕУ за земјите кандидатки.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
