Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика, при што над половина од вкупно доделените 4.070 ваучери веќе се подигнати, соопшти Министерството за енергетика.
Според податоците од меѓуопштинските центри за социјална работа, до 25 март се евидентирани 2.084 подигнати ваучери.
Министерството потсетува дека списокот на граѓани кои остварија право на оваа поддршка, како и списокот на компании од кои може да се набават уредите, се објавени на официјалната веб-страница на Министерството.
-Граѓаните кои се наоѓаат на списокот можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, до 17 април 2026 година, при што на веб-страницата се достапни сите информации за потребната документација и постапката - соопштуваат оттаму.
По подигнувањето, ваучерите може да се искористат кај компаниите со кои Министерството има склучено договори, за набавка и вградување на инвертер клима уред.
Станува збор за финална фаза од постапката по Јавниот оглас за 2025 година, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, во која право на поддршка имаа домаќинства кои ги исполнија предвидените услови.
Со ваучерот, граѓаните добиваат можност за набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, во вредност до 28.000 денари, без дополнителна доплата. Ваучерите може да се искористат најдоцна до 15 октомври 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
