Македонија
26. March 2026 - 12:25

Војната сериозно го загрозува снабдувањето со вештачки ѓубрива

Војната на Блискиот Исток сериозно го загрозува снабдувањето со вештачки ѓубрива.Поради актуелните трендови на глобалниот пазар на енергија  веќе има корекција на цените на одредени  ѓубрива, за  повеќе од 30 отсто во споредба со претходниот период.

Бидејќи недостигот на ѓубрива ќе ги зголеми земјоделските трошоци тоа ќе се одрази на цената на храната вели Стојаноски.

Од Министерството  за земјоделство  најавија дека во делот на цената на ѓубривата и нафтените деривати состојбата се следи секојдневно и доколку  има потреба, ќе интервенираат со соодветни чекори.