6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
Македонија е кредибилен сојузник на НАТО кој докажа дека во сите предизвици стоиме рамо до рамо со сојузниците – на шестгодишнината од членството во Алијансата премиерот на државата порача дека и покрај големите државни отстапки, земјата сега е гарант на безбедноста во регионот.
6 години Македонија во НАТО е потврда на државничките политики на СДСМ, напиша опозицискиот лидер Филипче на социјалните мрежи.
Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и за сите наши граѓани. Така се работи за татковината кога постои желба, волја, одговорност и сериозност, пишува Филипче.
Со менување на уставното име и бројни политички предизвици, Македонија 6 години стои рамноправно до останатите членки на најмоќниот воено-политички сојуз во светот. На 27 март 2020 година, државата и официјално стана 30-та членка на НАТО.
Во услови на геополитички предизвици денеска македонските војници рамноправно со сојузниците учествуваат во меѓународни мисии, придонесувајќи за глобалниот мир и безбедност.
На шест годишнината од членството во НАТО беше одбележан и денот на Генералштабот на македонската армија на интерен настан во кругот на министерството за одбрана.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
