Преглед на вестите од светот
Пакистан беше домаќин на министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија, во рамки на напорите за посредување во војната меѓу Иран, САД и Израел, со фокус на повторното отворање на стратешката Ормуска Теснина за поморски сообраќај.
Шефот на пакистанската дипломатија Ишак Дар објави дека Иран веќе се согласил да дозволи премин низ Ормутскиот теснец за дополнителни 20 бродови под пакистанско знаме.
„Исто така, разговаравме за можните начини за брзо и трајно завршување на војната во регионот. Се согласивме дека оваа војна не е во корист на никого и ќе доведе само до смрт и уништување. Единството на муслиманскиот ум во овие предизвикувачки времиња е од најголема важност.“
„Ги информирав браќата министри за надворешни работи кои се во посета за перспективите за потенцијални разговори меѓу САД и Иран во Исламабад. Министрите за надворешни работи кои се во посета ја изразија својата целосна поддршка на оваа иницијатива.“
„Пакистан ќе биде почестен да биде домаќин и да олесни значајни разговори меѓу двете страни во наредните денови за сеопфатно и трајно решавање на тековниот конфликт.“
Тој имал и телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји. Пакистан, потенцијален посредник меѓу Вашингтон и Техеран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран одат „исклучително добро“, додавајќи дека земјата се подготвува да им дозволи на танкерите со нафта да поминат низ Ормутскиот теснец.
„Како што знаете, тие се согласија да испратат осум брода пред два дена, а потоа додадоа уште два, па беа 10 брода. И денес, ни дадоа, како почит, не знам, не можам точно да го дефинирам, но ни дадоа, мислам од знак на почит, 20 брода со нафта, големи, големи бродови со нафта, кои пловат низ Ормутскиот теснец. И тоа се случува почнувајќи од утре наутро.“
Соединетите Американски Држави минатата недела соопштија дека му понудиле на Иран план за прекин на огнот од 15 точки, со предлог за повторно отворање на водниот пат и ограничување на нуклеарната програма на Иран, но Техеран го отфрли списокот и изнесе свои предлози.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ наредил на армијата да напредува подлабоко во јужен Либан и да ја прошири, како што ја нарече, „постојната безбедносна зона“.
- Целта е да се спречи заканата од Хезболах и ракетните напади од таа област - изјави Нетанјаху на состанок за безбедносната состојба.
Тој нагласи дека, иако проиранската шиитска милиција претрпела сериозни удари, Хезболах сè уште располага со преостанати капацитети за ракетни напади врз Израел.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
