Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
Крвава семејна драма утрово го потресе Росоман. 27г син ја усмртил својата мајка во семејниот дом по што самиот се пријавил во полиција. Убиството го извршил околу 7 часот и 30минути. Со остар предмет кој наликувал на мал нож со еден прецизен убод ја усмртил 57 годишната мајка.
Лекарот кој констатирал смрт кај 57 годишната жена вели дека убодот бил многу прецизен по што веднаш настапила смртта.
Пред куќата го сретнавме таткото на Игор кој беше шокиран од настанот и не сакаше да зборува пред камера. Само на кратко рече дека бил на работа кога му јавиле за убиството а за својот син рече дека е мирно и повлечено момче.
Соседите го делат мислењето за Игор. За убиството дознале кога ја виделе полицијата пред нивната куќа, ништо не навестувало дека ќе дојде до таков чин.
По извршениот увид телото на 57 годишната жена е предадено на обдукција.
Од МВР велат дека Игор бил пријавуван за семејно насилство. Летото во 2023 таткото пријавил дека Игор има здравствени проблеми и физички ги нападналпо што полицијата го привела и го пренела во болницата во Кавадарци. Таткото еден ден подоцна се повлекол од пријавата но Игор бил спроведен вопсихијатриската болница Негорци. Како и под кои услови излегол од таму нема официјални информации.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
