Македонија
31. March 2026 - 11:15

Министерот Андоновски на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава на покана на македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова.

- Во текот на следните два дена, претседателот Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на економскиот развој, регионалната стабилност и европската интеграција, велат од Министерството.

Посетата, велат оттаму, претставува потврда за добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и за заедничката посветеност кон унапредување на регионалната соработка и европската иднина.

 

МИА