Македонија
1. April 2026 - 12:27

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури

Климатските промени предизвикуваат негативно влијание врз земјоделските култури и во охридскиот регион. Се очекува намалување на квалитетот на родот кај градинарските култури на отворено.  Луѓето кои што се занимаваат со земјоделство велат дека врнежите од дожд би биле добри, но наглата промена на температурата  им прави штети.

За да се спаси овогодишниот род земјоделците и овоштарите треба да преземаат мерки за заштита а од големо значење е и  едукацијата на земјоделците  за ублажување на последиците.

За да се надминат негативните појави предизвикани од климатските промени, добрите познавачи  предлагаат навремено преземање соодветни агротехнички мерки за да не останеме и без ова земјоделско производство што го имаме.