Опозицијата ќе ја известува ЕУ за системска блокада на интеграциите
Опозицијата со писмо ќе ги известува земјите од Европската Унија дека македонската Влада системски ги блокирала европските интеграции. Опозицискиот лидер го отфрла обвинувањата за предавство на македонските национални интереси коментирајќи дека неговата партија го зачувала јазикот и идентитетот, а внесувањето на Бугарите во Усатвот го нарече остварување на националните интереси
Премиерот и денеска повтори дека Македонија нема гаранции дека Бугарија нема да поставува нови услови.
Македонија има речи си блокиран интегративен процес откако претходната Влада на СДСМ и ДУИ прифати внесување на Бугарите во Уставот иако за тоа немаше поддршка од две третини од пратениците. Ваквата одлука ја плати со еден од најлошите изборни резултати.
Поддршка за уставни измени нема ниту денеска а условот останува главна пречка на патот до Брисел.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
