Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
Седнаа во судница полицајците обвинети за пожарот во Пулс.. Сите 13мина се гонат за тешки дела против општата сигурност, бидејќи иако можеле, според обвинителството, тие не спречиле употреба на пиротехниката.. Но, по барање на адвокатите, денеска судењето не почна.. Дел имале поважни судења, други пак, бараат спојување со предметот во кој веќе им се суди на 35мина.. Според одбраната, неприфтливо било за пожарот во дискотеката да се водат два судски процеси..
„Она што Јавното обвинителство се обидува да го направи е правно недозволено и скандалозно нудејќи две теории на случај за еден ист настан со исти фатални последици“, напишале адвокатите во предлогот упатен до судот..
Речникот употребен во барањето за спојување, го критикуваше судијката која го води случајот.. Ги повика адвокатите да внимаваат со кои зборови се обраќаат кон судот.. Дали 13мината полицајци ќе седнат во истата судница со обвинетите за кои судењето е во тек, ќе зависи од одлуката на судот и обвинителката Спасенка Андонова.. Таа уверува дека преземањето на предметот од обвинителката Ивана Трајчева Алексова, нема да влијаело на текот на судењето.. Најави дека ќе го разгледа и предлогот за спојување на предметите за пожарот во „Пулс“..
„Ќе ми оставите време како што впрочем и судот немаше време да ги разгледа предлозите, беа непосредно пред започнување на главната расправа. Истите, сега, на оваа главна расправа ми беа дадени од судот. Јас ќе морам да ги разгледам, да ги анализирам и потоа ќе следи произнесување по однос на истите“, изјави Спасенка Андонова, Јавен обвинител.
Заеднички судски процес со полицајците, бараа и обвинетите на кои повеќе од четири месеци им се суди во Идризово..
Судската постапка против 13мина полицајци, ќе продолжи на 11 мај.. Тие се обвинети дека кобната ноќ во март лани при контролата на „Пулс“, обврзани биле да спречат палење на пиротехниката, но и да направат ред откако се запалила дискотеката.. Погрешен бил и планот според кој се спроведувала проверката, бидејќи бил препишан од претходни акциски контроли за проверка на угостителски објекти..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
