Македонија
1. April 2026 - 19:18

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето

Процесот на пристапување не е ист за сите, потребна е доследност и политички сигнал во Брисел дека преговорите ќе донесат сигурно полноправно членството во Унијата, порачаа претседателите на Македонија и  Црна гора пред студентите на Правниот факултет.

По 36 менувања на Уставот и отстапки, Македонија заслужува да биде ставена во група на државите кои брзо напредуваат, порача претседателка Гордана Сиљановска Давкова .

Процесот на проширување не е игра, затоа како кандидати треба да одлучиме дали секогаш ќе бидеме во право или сакаме да станеме полноправна членка на Унијата, порача црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. Според него, најдоброто сценарио за европската перспектива на регионот треба да да биде заеднички ангажман и на кандидатие но и на Унијата. 

За предавањето на правниот факултет целосно беше затворен сообраќајот околу комплексот , а СДСМ реагира и дека поради безбедносни причини на професорите им бил оневозможен пристап на работните места и на паркингот на Универзитетот.

Милатовиќ ја заокружи посетата на Македонија со средба со премиерот Мицкоски, на која биле потврдени добрососедските односи и најавено продлабочување на економската соработка.