Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
Стартува изградбата на 400 kV далекувод Битола–Елбасан. Со овој капитален проект, Македонија по децении чекање ја затвора последната енергетска празнина и станува целосно поврзана со сите свои соседи.
Премиерот Мицкоски од граничниот премин Ќафасан порача дека ова не е само обична инфраструктура, туку симбол на стабилност која ќе ја движи македонската економија напред во европското енергетско семејство.
Министрите за енергетика на Македонија Божиновска и Албанија Каракачи сметаат дека оваа инвестиција е силен чекор напред кон модерна стабилна и регионално интегрирана електроенергетска мрежа.
Директорот на МЕПСО Љатифи најави дека затекнале целосно закочен проект кој за кратко време од проект на хартија е претворен во проект на терен.
На поставувањето на камен темелникот на далекуводот беше нагласено дека Македонија со овој проект се позиционира како сигурен партнер во европските енергетски текови.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
