Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
Соседите во зградата каде што живееле обвинетиот Јовановски и неговата почината сопруга Ивана и дете, постојано слушале караници, насилство и тепање. Сосетката, која денеска сведочеше два пати повикала полиција, но ниту еднаш полицајците не можеле да најдат во кој стан се случува насилството. Еден полицаец и се заканил дека кривично ќе ја гони за лажно пријавување.
-Два пати дојдоа од ПС Карпош. Првиот пат земаа изјава од мене, се качивме заедно по становите да најдеме од каде доаѓа викањето и тепањето. Првиот инспектор беше коректен, запиша дека не се слуша никаде, провери во еден стан и си замина. Вториот инспектор кога дојде беше многу дрзок и нервозен, лупаше по станови и врати, праша на кој страт се, реков дека не знам, само знам дека се над мене. Откако провери три стана ми се закани мене дека ќе добијам кривична пријава за лажно пријавување, сведочеше сосетката.
Училиштето во кое Катја почнала прво одделение, уште на самиот старт знаеле дека во семејството Јовановски има насилство. Мајката на починатата Ивана и го соопштила тоа на наставничката. Катја пред соучениците демонстрирала како татко и ја тепа мајка и.
-Учениците играа игра во училницата и ја забележав Катја како падна на земјата и ги прашав дали играат некоја драматизација на приказна? Катја рече дека татко и кога ја удирал мајка и таа така паднала. Веднаш го известив психологот на училиштето и таа разговараше со Катја, а потоа и со Ивана и ја упатила каде да се обрати во случај на семејно насилство, а нам ни рече да внимаваме на Катја, сведочеше наставничката.
Ивана не се враќала доброволно во станот кај обвинетиот Јовановски, тој и се заканувал, и покажал и пиштол, но и уцени дека ќе и го земе детето, сведочеше нејзиниот брат.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
