Македонија
2. April 2026 - 16:36

Ленче Ристоска си поднесе оставка

Обвинителката Ленче Ристовска си поднесе оставка. Недела дена откако извиси во изборот за нов републички јавен обвинител и само неколку дена откако новиот шеф Савески и ги одзема овластувањата за Талир, таа реши да го напушти обвинителството.

„Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети кои таргетираат висока корупција и криминал.

Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е обвинителство кое работи надвор од политички влијанија, ги штити своите професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција.“ – пишува Ристоска во своето обраќање.

Оставката доаѓа откако нејзиниот нов шеф Савески донесе одлука да им ги одземе овластувањата на сите обвинители кои постапуваат по предмети кои се надвор од надлженоатите на обвинителствата во кои работат, па на тој начин Ристоска остана без овластувањата да го застапува обвинението во предметот Талир против ВМРО-ДПМНЕ.

Савески жали за одлуката на Ристовска.

„Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда. Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска. Таа одлука е од организациска природа и нејзината цел е зголемување на ефикасното постапување на јавното обвинителство.“ – вели Савески во писмена изјава до медиумите

Но во СДСМ не му веруваат и го обвинуваат за соработка со власта.

Ристовска да не глуми жртва, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ристоска беше дел од истото СЈО кое беше водено од рекет дружината на Катица Јанева, кои дрпаа народни пари на име хонорари од СЈО и кое прерасна во машина за политички прогон. Само треба да се проследи изјавата на обвинителката Лејла Кадриу, која сведочи за тоа дека Заев и Шеќеринска лично оделе навечер во СЈО на Катица, Ленче и Лиле Стефанова и селектирале предмети за политички прогон.

Јавноста има право да знае, дали оваа оставка е чин на принципиелност или политички перформанс насочен кон градење личен наратив на жртва“ – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

Ленче Ристовска беше еден од предводниците на специјалното јавно обвинителство и меѓу најблиските соработнички на Катица Јанева. Обвинтиелството потроши огромна сума на пари и во краток период  отвори голем број на предмети. Згасна задно со рекетот на Катица Јанева а најголем дел од отворените се уште не се докажани.